Лидерот на ПЦЕР (Партија за целосна еманципација на ромите) Самка Ибраимовски вечерва беше во работна посета на Кочани.

Тој  најпрвин оствари средба со дел од членовите од огранокот на неговата партија во Кочани а потоа се сретна и со над кандидатот за Градоначалник подржан од СДСМ Николчо Илијев.

Ибраимовски како што истакна заедно со сите негови членови му дава безрезервна поддршка на Илиев на претстојните Локални избори, со надеж дека откако ќе ја добие функцијата Градоначалник ќе почне да работи во интерес на сите граѓани на Општина Кочани. Изрази надеж дека Илиев како успешен стопанственик ќе знае за какви проекти да се зафати, проекти од кои сите граѓани ќе имаат корист.

С. Ивановски

 

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари