Почитувани сограѓани,

Подолг период парите на граѓаните се трошат неразумно, расипнички. Пари за фантастични ручеци, скапи автомобили, за семејни патувања… луксузирање на сметка на граѓаните. Се нагледавме на исполнување лични желби и страст за поголема моќ.

А граѓаните, газат по ископани асфалти, родители молат за сместување на нивните деца во градинките. За спортски и културни објекти нема пари за одржување. Училиштата тонат во баснословни долгови …

Почитувани сограѓани,

Општинскиот буџет треба да ги следи потребите на СИТЕ граѓани. Кратењето на непотребните трошоци е приоритет за нас. На тој начин парите ќе одат кај граѓаните – таму каде што припаѓаат. Ќе има повеќе за улици, тротоари, култура, спорт, за поддршка на локалната економија, за младите и старите, за учениците, студентите и земјоделците. Подеднакво за сите.

Такво домаќинско управување ќе биде првиот чекор кон подобар живот: за нови работни места, повисоки плати и целосен напредок на општината.

Парите мора да се наменуваат за потребите на граѓаните. Да има подобар живот за сите!

 

Воедно сакам да ги известам медиумите дека го осудуваме денешниот чин случен на партиски штаб на ВМРО ДПМНЕ и ги повикуваме сите партиски активисти да се воздржат од било какви дејствија со кој ќе се фрли дамка врз целиот изборен процес со оглед на тоа што нашата кампања е позитивна и таква ќе остане до крај.

DSCN4063

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари