Со усвојувањето на две точки од дневниот ред на денешната 67-ма седница на Советот на Општина Кочани и официјално заврши мандатот на советниците за периодот 2013-2017 година.

Пред дебатирањето по двете точки од дневниот ред, Претседателот на Советот на Општина Кочани Јордан Димитров имаше свое обраќање: „Ми беше чест и големо задоволство да соработувам со Вас. Иако не припаѓаме сите на ист политички блок искрено се надевам дека оставивме трага од нашата работа за време на нашиот мандат кој ќе влезе во историјата на нашиот град. Ќе бидам многу горд ако и малку придонесовме за поубав и подобар живот на граѓаните на Општина Кочани со нашата досегашна работа. Уште еднаш Ви благодарам за соработката на сите и во исто време им се заблагодарувам на граѓаните на Општина Кочани за трпението и времето поминато со нас во овие 4 години. Се надевам дека бевме успешни конструктивни во нашата работа а на следниот состав на Општина Кочани со мандат 2017-2021 година му посакувам успех“.

DSCN3986

Како што се очекуваше двете точки од дневниот ред поминаа без дискусија а со нивно усвојување:

– Усвоен буџетскиот календар за 2018 година;

– Разгледани предлог-ослуките за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на Катастарска парцела во КО Кочани, како и предлог-одлуката за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти надвор од плански опфат за катастарски парцели во Пашаџиково, Тркање и Пантелеј.

По исцрпениот дневен ред советниците со заедничка фотографија се разделија од столчињата во Советот на Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN3990

DSCN3998

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари