Почитувани сограѓани,

Како натпартиски кандидат се оградувам од непромислени потези што создаваат непотребни тензии меѓу партиите и граѓаните.

Како човек и како кандидат за градоначалник на Кочани, најостро го осудувам секое вандалско однесување поврзано со предизборниот процес.

Кодексот за фер и демократско однесување за мене е устав во кампањата.

Мојот став за позитивна кампања нема да го напуштам, без оглед на сите поединци или групи што ќе се обидат да го валкаат предизборието.

Ги повикувам сите партиски структури и надлежните органи да се погрижат во позитивна атмосфера, фер и демократски да ги поминеме и кампањата и изборите.

Ве повикувам сите, во дух на мирољубие да разговараме како да го направиме животот поубав и полесен, а сите деструктивни однесувања да бидат минато.

Со почит,
Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари