Почитувани сограѓани,

Вработените во образовниот сектор работат во страв и под притисоци.

Директори на некои училишта во работно време одат на партиски пресови.

Образовниот систем е на колена.

Анализите покажуваат дека имаме уништени и неписмени генерации. Училиштата имаат сериозни кадровски проблеми, натрупани финансиски долгови. Наставниците од свој џеб издвојуваат пари за организирање на наставата.

Учителот нема никакви услови да ги образува учениците. За воспитниот елемент и да не зборуваме. Штетите допрва ќе ни бидат испорачани.

Почитувани учители!

Денеска, на вашиот празник, на Светскиот ден на учителот, ви порачувам да не се обесхрабрувате. Не дозволувајте да ја потценуваат вашата улога. Вие не треба да бидете партиски војници. Време е да се ослободите од партиските стеги кои ви се наметнати не по ваша желба. Учителот е стожер на општествениот систем. Време е да го вратиме неговиот углед и достоинство. Тој да се посвети на создавање нови квалитетни кадри и потенцијали.

Да изградиме подобра иднина за сите!

Мора да ги обезбедиме сите услови за изведување и правилно организирање на наставниот процес, за безбеден престој на учениците и квалитетно образование и воспитание.

Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина.

За подобар живот на сите во Кочани!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари