СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА УЛИЦАТА „КЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

септември 8, 2023
0 минути

На 07.09.2023 во 17.05 часот било пријавено дека во Кочани на ул„Кеј на револуцијата“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со кочански регистарски ознаки, „ауди“ управувано од Е.Р.(35) и „пасат“ управуван од Д.Г.(47), двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Г., а со телесни повреди се здобиле С.Р.(30) и малолетник, сопатници од возилото „ауди“, констатирани во Клиничката болница Штип и ЈЗУ Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Дневни извештај на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ