Вечерва на платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани  пред голем број на членови, симпатизери на партијата, како и непартиски граѓани на Кочани, се одржа најавениот митинг на СДСМ.

На бината пред своите соборци, кандидатите од Листата за советници свое обраќање имаше носителот на таа листа Томе Солевски. Во своето обраќање тој им порача на присутните дека ерата на како што истакна расипничкото трошење на парите на граѓаните за непродуктивни цели после 15 Октомври завршува исто како што ќе завршат исполнувањата на личните желби и страста за поголема моќ. Солевски повика дека времето на поделби на граѓаните ќе заврши и дека ќе започне едно ново време во кое сите граѓани ќе бидат подеднакви.

Над кандидатот за градоначалник Николчо Илијев понуди една нова визија за Кочани, понуди едно Европско Кочани, општина која ќе биде отворена за сите граѓани, Македонци, Роми, Власи, Турци … Ги најави и неколкуте приоритетни проекти од кои акцентот го стави на гасификацијата, но најави и развој на локалната економија, современи сообраќајни решенија, простор за лицата со посебни потреби, патеки за велосипедистите, развојот на спортот и културата и најава дека Кочани повторно ќе го има епитетот „Најчист град во Македонија“.

DSCN4282

Лидерот на СДСМ, воедно и Премиер на Република Македонија чие искачување на бината беше проследено со овации од говорницата на своите опоненти им порача дека нова ера не се прави со стари и истрошени кадри. Го критикуваше Груевски дека се дрзнал да кандидира на овие избори старо-нови кадри за градоначалници кои потоа ќе сака да ги контролира, па затоа како што подвлече Гласот за градоначалник на Груевски , е даден глас директно за Груевски. Ги претстави сите досега донесени и реализирани мерки во државата: минимална плата од 12.000,00 денари со тренд истата да порасне до 500 евра, укинувањето на екстерното образование, укинувањето на РДТ, поевтинување на електричната енергија, исплати на субвенции на земјоделците. Сепак фокусот на владината политика ќе бидат младите на кои ќе им бидат понудени услови не само да не ја напуштаат земјата, туку и оние кои веќе се излезени да започнат да се враќаат.

На крајот ги повика сите заедно да и помогнат на Македонија да излезе од кризата во која е длабоко навлезена со тоа што на 15 Октомври да излезат масовно на избори и со заокружувањето на бројот 19 да му дадат градоначалнички мандат на Николчо Илијев и на Листата за советници.

С. Ивановски

DSCN4360

DSCN4403

DSCN4549

DSCN4306

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари