ФОРМИРАН НОВ МОТО КЛУБ ВО КОЧАНИ

Во Спорт
септември 8, 2023
1 минути

„Strong riders Кocani“ – Кочани, е новоформираниот мото клуб во Кочани.

Моментно клубот брои нешто повеќе од 15 членови но како што истакнуваат од него тие се отворени за сите заинтересирани кои ќе изразат желба да им се приклучат.

Во клубот од моменталните членови повеќето се со огромно искуство, со учество на повеќе возења како во Македонија, така и надвор од неа.

За Претседател на клубот е именуван Лазар Захариев а за секретар Иван Михајлов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ