Со головите на Стојчева (18’), Ѓорѓиева (24’40’70’77’), Петровиќ (80’) и Атанасова (90’) девојчињата на ЖФК „Кочани“ стигнаа до првата победа во годинешното првенство. На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани пред стотина гледачи во рамките на 4-тото коло од Првата Фудбалска  Лига за жени, совлада е екипата на „Каменица Саса“, дебитантот во лигата со 7:0 (3:0).

Дерби натпреварот на минатогодишните финалисти од Купот на Македонија „Тиверија“ – „СЦ Истатов“ заслужено им припадна на струмичанки кои славеа со високи 7:1.

Комплетни резултати од 4-тото коло:

„Кочани“ – „Каменица Саса“  7:0

„Тиверија“ – „СЦ Истатов“  7:1

„Борец“ – „Речица“  2:0

„Топ Гол“ – „Драгон“  0:5

„Тетово“ – „Њу Јорк“  8:1

„Ас Јунајтед“ – „Атлетико  1:3

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари