Ракометарите на „Младинец“ од Кочани по двата несреќни порази во првите две кола, денес во натпревар од 3-тото коло на Ракометната лига за пионери како домаќини ја извојуваа првата победа, совладана е  екипата на „Текстилец“ од Штип 20:14 (09:05).

Натпреварот беше изедначен само до средината на првото полувреме кога домаќините се одлепија, но во второто полувреме со една сигурна одбрана и креативен напад забележаа сигурна и заслужена победа.

Најефикасен играч кај домаќините а воедно и на теренот беше Јакимов со 9 постигнати голови, а стрелци на останатите беа: Гичев 3, Давчев, Нисов, Митев и Ѓорѓиев сите по 2.

Во Спортската сала „Никола Карев“ натпреварот го следеа околу 100 гледачи.

С. Ивановски

22345208_10203734542281033_1534031097_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари