Почитувани сограѓани, жители на општина Кочани,

Оваа прес конференција ја одржуваме од местото каде што најдобро може да се види и почувствува сообраќајниот хаос.

Актуелниот сообраќаен режим е нефункционален, бавен, а на неколку точки закочен и блокиран.

Ваквата состојба директно е предизвикана од Решението на Ратко Димитровски за воведување на еднонасочен режим на сообраќај без притоа да се направи студија и сериозна анализа.

Граѓаните со право прашуваат дали локалната самоуправа презема мерки за надминување на овој хаос. Одговорот е ДА, во изминатиот осумгодишен период Ратко Димитровски во два наврати спроведе набавка на луксузно патничко возило марка VW Passat во вредност од близу 30.000,00 €, со што обезбеди поголем комодитет во неговите патувања, а сето тоа од парите на граѓаните.

Почитувани сограѓани,

На ова место веќе требаше да биде во изградба кружен тек. Граѓаните на одржаните форумски сесии помогнати од Швајцарската амбасада го одбраа тоа за нивен приоритет.

За жал поради ниските капацитети на раководните луѓе во општината предводени од Ратко Димитровски изградбата сеуште не е отпочната, гласот на народот не се слуша, а проблемите се кријат под тепих.

ДОСТА Е почитувани граѓани!

Новата локална власт посветено и со план ќе се вклучи во решавање на проблемите. Ќе понудиме сосема нов начин на регулирање на сообраќајот, преку сообраќаен проект кој ќе опфаќа изградба на кружни текови, катни гаражи, изградба на мостови и асфалтирање на сите улици.

Сообраќајниот хаос ќе биде минато, а безбедноста на граѓаните подигната на највисоко ниво. Затоа ја бараме Вашата поддршка за Живот за сите.

Ја бараме поддршката за најквалитетниот тим предводен од Д-р Томе Солевски, носител на листа и Николчо Илијев, Градоначалник.

Гласајте за Вас, гласајте за победничкиот тим гласајте за број 19.

Ви благодарам.

DSCN4743

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари