Почитувани сограѓани,

Ја одбројуваме последната седмица до слободно Кочани – до повеќе пари за граѓаните, до отворена и услужна општина и еднакви можности за сите.

Ние нудиме визија за нашата заедничка иднина на Кочани. Наместо долгови на училиштата ,време е за квалитетно образование, време е да инвестираме во квалитетна инфраструктура, наместо илјадници евра за непродуктивни трошоци – да инвестираме во иднината на нашите млади, во културата, во спортот…

Овие избори не се само избори за градоначалник и совет. И не се само за иднината на нашата општина. Ова се избори за подобра иднина на Македонија, за економски раст, повисоки плати и нови работни места, за европската иднина на Македонија.

Затоа ве повикуваме, масовно да излезете и да гласате за подобар живот. Не си го потценувајте значењето како гласач. Не се плашете од закани и уцени. Ништо не ви можат. Имаме историска шанса да

гласаме слободно, на фер и демократски избори.

Паметно со пенкало, да им кажеме збогум на дискриминацијата  заканите.

Во недела, Кочани одлучува.

На 15 октомври – Македонија одлучува.

Од вас, граѓаните зависи!

Да ја заокружиме промената!

За подобар живот во Македонија , за сите!

Ви благодарам.

DSCN4777

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари