Почитувани сограѓани,

Осум и пол години  локалната власт на чело со градоначалникот Ратко Димитровски во Кочани се однесува расипнички и неодговорно ги троши вашите пари.

Некогаш најчистиот град во Македонија, денес е затрупан во ѓубре и е претворен во најголемо буниште. Граѓаните плаќаат партиски војници што не работат.

Советниците од ДПМНЕ без срам гласаа за најнепопуларната мерка –  со вашите пари да го финансираат „Водовод“.

Ни ги зголемија животните трошоци со покачување на цена на водата за пиење и за отпадната вода, а водата сеуште ја добиваме преку азбестни цевки.Воведоа платен паркинг. Цената на геотермалната вода се зголеми за 50 проценти: така стимулираа уништување, а не производство во Кочани.

Каде ли отидоа парите со кои градеа препумпни станици и отвораа нови бунари, а ние уште живееме со рестрикции на водата во најжешките денови?!

За поправка на дефект на водоводната или на канализациската мрежа се чека со денови. Кога ќе раскопаат, така стои со месеци. Тоа ли е одговорност, тоа ли е почит кон граѓанинот?

Безмилосно ги сечат дрвјата и го уништуваат градското зеленило.

Не најдоа чаре ни за кучињата бездомници, па немислордно ги труеја и домашните миленици. Тие немаат капацитет да раководат со општината. Тие мислат само на себе. Доста беше.

Време е да си заминат од нашата сегашност. Никој повеќе не сака да живее во ѓубре, да плаќа за негрижа и нечовечност.

Ни треба комунално претпријатие што ќе работи за граѓаните. Служби што ќе го направат Кочани чисто и посакувано место за живеење.

На Кочани му треба поубава иднина. Подобар живот за сите!

Несмееме да дозволиме во 21 век граѓаните на Општина Кочани да немаат чиста вода, несмееме да дозволиме во летниот период од годината жителите од високата зона да немаат вода.

Ние како нова локална и одговорна власт, ќе им обезбедиме на граѓаните нормални услови за живеење од комунален аспект, затоа што тие ги плаќаат нивните сметки, а за возврат добиваат ограничени услуги.

Драги Кочанчани, високите сметки за комунални услуги ќе бидат минато. Ние ветуваме дека ќе ги замениме азбестните цевки со нови цевки по еколошки стандарди.

Во недела на 15 Октомври излезете масовно и достоинствено со заокружување на бројот 19.

Вие ќе гласате за подобар живот за сите во Општина Кочани!

DSCN4818

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари