Почитувани сограѓани!

На 11 Октомври одбележуваме 76 години од почетокот на антифашистичкото востание во Република Македонија. Ден кога Македонија ја донесе одлуката да пристапи на страната на прогресивното човештво.

Фашизмот како идеологија зацрни многу животи во современата историја.  Идеологија  што ги газеше и негираше сите општоцивилизациски и демократски вредности.

11 Октомври го означи продолжувањето на борбата за слобода што Македонците ја водеа во минатото. Како резултат на оваа борба се исполнија повеќевековните идеали за основање на македонска држава.

Почитувани сограѓани!

За неколку дена сме пред уште еден пресуден момент за нашата држава. Пред нови, локални, а всушност историски избори за нашата Македонија.

Со гласачкото ливче да ја заокружиме промената! Да се избориме за подобар живот за сите!

Честит нека е 11 Октомври!

Кандидат за градоначалник , Николчо Илијев.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари