Убавото и сончево време младите од Социјалдемократската Младина на Македонија – Кочани  го искористија да излезат во „Паркот на Револуцијата“ и да го исчистат од сено она што му даваше една грда слика.

Диво изникнатата трева на патеките, околу клупите, кај детското игралиште беше отстранета и исчистена.

„Излеговме да го исчистиме сето она што ја нарушува убавината на единствениот парк во градот. Се надеваме дека акцијата што ја организиравме ја спроведовме во целост и дека сликата на паркот каде доста наши сограѓани го минуваат времето сега е поинаква. Со оваа наша акција сакаме да упатиме еден апел до вработените во комуналното претпријатие дека потребно е што почесто овде да наминуваат и да се грижат за убавината на паркот. Воедно по повод денешниот празник 11 Октомври сакаме на сиот Македонски народ да му упатиме честитка токму од овде“ беше она што младите ни го кажаа на средбата.

С. Ивановски

DSCN4925

DSCN4919

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари