Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, во чест на денешниот празник и нашите заложби за рушење на ѕидовите и градење мостови помеѓу луѓето, сакам да кажам дека СЛОБОДА не е само слобода на движење, туку и слобода на изразување и говор.

Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам ЈАВНО носителите на советничките листи од политичките партии, да изберат време и место за ДЕБАТА, каде што ќе ги судриме нашите аргументи, заложби и идеи.

Да покажеме повисоко ниво на ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ, а јавноста да има можност за поквалитетен суд за локалните избори.

Се надевам дека барем еден, а очекувам и двајцата кандидати да ја прифатат поканата и заедно со помош на медиумите, организираме овој настан.

Дебата е потребна за подигање на свеста и моралот кај сите во општеството, каде што ќе се постават вистински стандарди и секој оној кој што нема да ги почитува ќе биде остро осуден од јавноста.

Венко Крстевски – Носител на независна листа за членови на совет на група избирачи 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари