СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 34. СЕДНИЦА

септември 13, 2023
0 минути

На 12 септември Советот на Општина Кочани ја одржа 34. редовна седница, на која донесе одлука за доделување финансиска помош од 100.000 денари на Доброволното противпожарно друштво – Кочани за реализација на програмски активности на ДПД.

Со цел да одговори на организациските потреби, со 17 гласа ги усвои измените и дополнувањата во Правилникот за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, како и Планот за вработување на на Општина Кочани за 2024 година.

Советот утврди листа на имиња на улици, мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти со имињата на борачот и спортски работник Насе Насев и на актерот Трајче Ѓорѓиев. Објавата на оваа листа ќе биде запрена со решение на градоначалникот на Општина Кочани, затоа што името на Насе Насев е веќе утврдено од страна на Советот и за таа листа е добиена согласност од Владата.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ