Почитувани сограѓани

Овој период е период на Локални избори.

Тие се тест за времето кое што допрва доаѓа.

Во оваа прилика сакаме само да Ве потсетиме дека во политиката и политичката кампања се è можно.

Меѓутоа, ние ја покажавме и ќе ја покажеме нашата политичка култура на едно повисоко рамниште.

Ветивме дека нема да употребуваме говор на омраза, дискриминација, омаловажување и дискредитација.

Ветивме дека ќе се однесуваме коректно кон нашиот политички противник и дека ќе ги респектираме неговите ставови.

Имајќи го фактот дека се ова Локални избори, ветивме дека кампањата ќе ја водиме исклучиво за потребите и проблемите на граѓаните на локално ниво и нема да водиме висока политика.

Тоа што го ветивме во досегашниот тек од кампањата, тоа и го почитуваме и така и се однесуваме.

Почитувани сограѓани,

Вие сами ќе оцените според вашите сопствени вредносни критериуми каде ќе го насочите својот глас.

Резултатите од овие избори ќе покажат колкав дел од граѓаните на Општина Кочани се за суштински промени на состојбите, за подобро утре за себе и за идните генерации на овој град.

Во тој контекст се обврзуваме дека Кочани ќе го вратиме на Вас, на граѓаните.

Ќе работиме заедно за остварување на потребите на сите граѓани.

Ќе внесеме нов дух во развојот и на односите во општината.

Кочани ќе биде пример на отворена и транспарентна општина, општина во која нема да има поделби по ниеден основ, општина во која ќе се обезбедат услови подеднакви за сите, за градот и за населените места.

Вашите идеи почитувани сограѓани ќе бидат наша обврска.

Ќе ја вратиме моќта на месните и урбаните заедници.

Ќе ги подржиме стопанствениците кои 27 години го крепеа Кочани во неговиот развој.

Ќе го намалиме сообраќајниот метеж и урбаниот хаос во градот.

Ние, советниците и новиот градоначалник ќе направиме од Кочани најуреден и најубав град со уредени паркови и многу зелени површини.

Почитувани сограѓани,

Нема да се ставиме и нема да дозволиме заедно со градоначалникот да не зафати машинеријата на наместени јавни набавки за улици и тротоари, за измислени градежни маркички, за транспорт на учениците.

Нема да дозволиме мнозинството граѓани да мислат дека корупцијата и непотизмот е „нормална појава“ и дел од владеењето, особено на локално ниво.

Најодговорно ќе се бориме против таквата злоупотреба на парите на граѓаните, против корупцијата како дел од нашиот менталитет.

Ако тоа не го направиме, џабе ни е нов градоначалник и советници.

Ние Ве уверуваме почитувани сограѓани дека со сите сили ќе се бориме против таквите појави во општината.

Почитувани сограѓани,

За натамошниот побрз развој на општината ни е потребен човек докажан со своите менаџерски способности, наоружан со идеи и визии за развојот на општината, со широки и далекусежни погледи на стварноста и на перспективите на Општина Кочани.

Имаме ли ние таков човек?

Да – имаме.

Тоа е Николчо Илијев, нашиот кандидат за градоначалник.

Да му дадеме шанса на 15-ти Октомври, како што се вгради во својата компанија која е една од 200-те најуспешни компании во Македонија и една од двете најуспешни во Источниот регион, со сиот свој капацитет, интегритет и знаење да се вгради и во натамошниот развој на општината, која сигурни сме ќе ја направи поразвиена и препознатлива во целата наша држава и пошироко.

Ви благодарам!

DSCN5035

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари