Почитувани,

Вчера видовме најгрубо кршење на демократските принципи, кога кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, е приведен во ПС – Кочани и му е запленето возило, телефони како и списоци за измена на членови на И.О предложени од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ и на тој начин МВР се вклучи во политичката кампања на СДС!

Свесте се, ова е невиден скандал!

Како прво: Приведеното лице се наоѓа на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и во време на траење на политичка кампања му е оневозможено да врши агитација и посета на гласачи од „врата на врата“. Со користење на институциите на системот коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ се става во нееднаква положба и се оневозможува презентирање на програмата на целосно легален и со закон предвиден начин.

Како второ: Со одземање на списоци за измена на лица именувани за членови и заменици членови на И.О. од партијата ВМРО ДПМНЕ, се оневозможува партијата да направи измена на именувани лица иако тоа е предвидено и дозволено со Изборниот Законик.

Како трето: Лицето официјално е информирано дека е постапувано по анонимна пријава. Се сомневаме дека тоа е вистина и се прашуваме како може без никакви докази и по анонимна дојава да се постапува на таков начин.

Како четврто: Како може да се постапува по пријава за кривично дело кое може да биде сторено само на денот на изборите во време кога сеуште трае политичката кампања? Имено во тек на кампања не може да постои и не постои битие на кривично дело кое може да биде сторено на денот на изборите и сметаме дека тоа многу добро и е познато на институциите на прогонот и затоа сме убедени дека постапувањето е по политичка „инструкција„ со цел одработување во последните денови во кампањата.

Прашуваме дали 6.000 денари најдени кај татко и сопруг се „поголема“ сума на пари и ако е тоа така дали да очекуваме апсење на пензионери кои можеме да ги видиме пред банките како ги земаат пензиите или апсење на било кој друг кој ја има оваа или слична сума кај себе. Дали СДС во Кочани воведува плаќање со бонови како во „златното“ време на владеење на СДС.

Прашуваме како може да се дозволи на сопруг на кандидатка за советничка на листата на СДС да „апси“ политички неистомисленици во Кочани и да биде предводник на незаконското делување на ПС- Кочани? Како може да се дозволи ваква партизација на МВР пред очите на целата јавност?

Вклучувањето на ПС – Кочани во политичката кампања на СДС остави мрачна дамка на демократијата во Кочани и во Македонија.

За ваквата партизација и злоупотреба на институциите, ние ќе бараме одговорност! За ова некој мора да одговара, а  граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари