ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА И ВТОРАТА ПАРАЛЕЛКА НА ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ

септември 14, 2023
1 минути

Денес големо задоволство ни представува да Ве информираме дека од понеделник започнува со работа и втората паралелка на продолжен престој во нашето училиште,паралелка која одредивме да биде само за дечињата од прво одделение и според тие стандарди ја опремивме со нов инветар и едукативни и друштвени игри,телевизор,шкафчиња за дечињата и сл.

Целта е да им посветиме поголемо внимание на нашите мили првачиња на полесен начин да ги совлаат темите кои ги изучуваат и со дополнителни работилници да ги развиваат своите можности.

Првата паралека од продолжениот престој ќе биде наменета за учениците од (второ/трето)одделение.Како училиште ќе продолжиме да вложуваме во подобрување на условите за сите наши ученици.

ООУ ,,Никола Карев”-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ