По сончево време и одлични услови за игра денес во Кочани во рамките на 8-то коло од Втората Фудбалска Лига – Исток се одигра натпреварот „Осогово“ – „Борец“ кој заврши со победа на гостите од 1:2 (0:1).

Гостите први дојдоа во водство. Во 24’ нафрлената топка од левата страна домашниот голман Лазаров кратко ја одби , таа дојде до Ристовски кој успеа да ја спроведе во мрежата. Само десетина минути подоцна гостите можеа да го зголемат водството, Ѓорѓиевски излезе сам пред Лазаров кој со одлична интервенција ја сочува својата мрежа и се „извади“ за претходниот кикс.

Домаќините израмнија на почетокот на второто полувреме. Во 53’ беше досуден слободен удар за „жетварите“ на растојание поголемо од триесет метри. Ѓеоргиевски силно биеше, гостинскиот голман Димовски лошо интервенираше и топката под неговото тело заврши во мрежата. Во 69’ домаќините можеа да стигнат до нов погодок но иако беа во контра напад 4 спрема 1 не успеаја да реализираат за што подоцна и беа казнети.

Се играше 75’ кога гостите изведоа една школска акција, Вељаноски нафрли од десната страна а Пановски успеа од прва да бие и топката заврши во мрежата на немоќниот Лазаров.

Домаќините и трет натпревар едно по друго не успеаја како домаќини да стигнат до победата што го запали црвеното светло.

Резултати од 8-то коло:

„Осогово“ – “Борец“  1:2

„Каменица Саса“ – „Тиквеш“  2:0

„Плачковица“ – „Кожуф“  3:1

„Беласица“ – „Брегалница “  1:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари