На 16.10.2017 година околу 02:30 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани после бензинската на „Лук Оил“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мазда“ управувано од Д.Г.(38) од с.Уларци и патничко моторно возило „Поло“ управувано од З.Л. (46) од с.Спанчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Л., кој по укажаната помош во Јавна здравствена установа Кочани е пренесен во Клинички центар Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Д. кој по укажаната помош е пренесен во Клинички центар Штип.

Увид  на лице место извршила екипа од ПС-Кочани, при што од возачите земена  е крв за анализа, а возилата задржани за технички преглед.

ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР

89

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари