„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“ ПО 32. ПАТ

септември 18, 2023
1 минути

Од 29 септември до 1 октомври, Општина Кочани ја организира 32. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Програмата опфаќа петнаесетина содржини од културно-уметнички, стопански и забавен карактер.

Манифестацијата ќе започне со уличен театар и огнено шоу од Театарската група Fireter, кога со крунисување на жетварската убавица официјално ќе биде отворена манифестацијата. Годинава, за првпат изборот на  жетварска убавица се врши електронски, со гласање преку ФБ-страницата на Општина Кочани.

Централниот настан со традиционалното зажнејување ќе се одржи на 1 октомври во селото Мојанци, каде ќе биде прогласен и најуспешниот оризопроизводител. Вечерта во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи големиот концерт под наслов „Македонијо, во срце те носиме“ на кој ќе учествуваат популарни македонски музички интерпретатори.

Со повеќе промоции на нови книжевни изданија, во манифестацијата се вклучува и ЈОУ Библиотека Искра“ – Кочани.

Целосната програма е објавена на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ