Во Петок (20.10.2017 година). со почеток во 19:30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Бели мугри“ – Кочани ќе се отвори изложба на цртежи и објекти со наслов „Омаж за тебе“ од авторката Валентина Илијевска.

Валентина Илијевска е родена во Скопје 1987 година, завршила средно образование во ДСУПУ “Лазар Личеноски“ – Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје – Оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока – конзервација и реставрација кај проф. Невенка Величковска и проф. Момчило Трајковски. Магистрира на постдипломски студии на одделот Конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во класа на проф. м-р. Благоја Кузмановски. Учествува на многубројни самостојни, меѓународни групни изложби и ликовни колонии во периодот 2009-2017. Во Кочани се изложува веќе втор пат.

Плакат-Изложба-на-Валентина-2

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари