На 21.10.2017 година во 01.45 часот на ул. „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани се случила сообраќајна незгода во која Н.Н. (29) од Кочани, управувајќи патничко возило „Форд“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во дрво покрај патот, а потоа во метален сообраќаен знак, по што се превртел.

Во незгодата, возачот Н.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавна здравствена установа Кочани, каде починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР

22711600_10210628398407948_2006057374_n

22685006_10210628465689630_1577790729_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари