Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток, по кои „Брегалница“ конечно се искачи на врвот на табелата со бод повеќе од „Беласица“ која со празни раце си заминува од Гевгелија.

Во Кавадарци пеналот во второто полувреме им донесе радост на „лозарите“ а во Валандово во последните мигови од средбата домаќинот дојде до бод.

Резултати од 9-тото коло:

„Брегалница“ – „Осогово“  5:0

„Тиквеш“ – „Плачковица“  1:0

„Кожуф“ – „Беласица“  2:1

„Победа“ – „Каменица Саса“  1:1

На табелата во водство е екипата на „Брегалница“ со 18 бодови, пред „Беласица“ со 17, „Борец“ 13, „Плачковица“ 12, „Кожуф“ 10, „Тиквеш“ 9, „Осогово“ 7, „Победа“ 6 и „Каменица Саса“ 5.

Во следното коло „Осогово“ му гостува на „Кожуф“ во Гевгелија.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари