Столе Ефтимов борач на БК „Спартак“ од Кочани, како член на репрезентацијата на Македонија овој викенд ќе учествува на големиот Меѓународен турнир во борење што ќе се одржи во Истанбул (Турција).

Ефтимов со уште двајца репрезентативци на Македонија, Теодор Темелковски (7-ми Мај) и Фати Вејсели (Студеничани)  ќе настапи на турнирот „Купот на републиките“ кој го вбројуваат во рангот на Европските првенства од причина што на него се појавуваат врвни борачи кои нешто значат во европското и светското борење.

Репрезентативците на турнирот ќе ги води Нусрет Џафери, тренер на БК „Тефејуз“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари