По објавувањето на резултатите и табелата од 8-то коло од Третата Фудбалска Лига – Исток ни стигна писмоно соопштение од ФК „Кежовица“ од Ново Село. Како што е истакнато во соопштението целта е да се привлече вниманието на фудбалската јавност се со цел фудбалот да се заштити од фудбалските моќници кои со години вака се однесуваат во оваа иста лига.

Соопштение

По она што денес се случи во Делчево, и да не сакаме мораме да го кренеме својот глас се со цел да ја запознаеме фудбалската јавност со сите оние неправилности кои се присутни од почетокот на првенството а се однесуваат директно на нашата екипа.

Најпрвин во третото коло бевме оштетени на натпреварот во Пробиштип со домашниот „Рудар“. Тогаш едноставно од самото судење се виде дека домаќините мора да победат. За да не ги креваме тензиите не сакавме веднаш да реагираме, бидејќи и судиите се луѓе кои можат да имаат слаб ден и да погрешат. Тогаш судијата досуди пенал за домаќините по претходен груб старт над наш играч, за да потоа не ни дозволи едноставно да играме. Ја сецкаше играта, судеше фаули во наша полза на средината на теренот но не и пред домашниот казнен простор а сето тоа создаваше нервоза кај младите играчи.

Втор пат бевме не само оштетени од судењето туку и понижувани од домаќините во Виница во натпреварот од петтото коло. Сите долу на теренот, почнувајќи од играчите и стручниот штаб како и од членови во фудбалската федерација на Македонија не псуеја сите по ред. И тогаш не сакавме да реагираме бидејќи за време на натпреварот се случи немил настан, кога во еден дуел еден домашен играч заработи скршеница на ногата. Тогаш помисливме дека се револтирани од ново настанатата ситуација и затоа така реагираа, но откако тоа продолжи и после натпреварот бевме убедени дека таков им е стилот кога играат како домаќини се со цел да дојдат до победа.

Чашата се прели после денешниот натпревар во Делчево. Чудно е да натпревар кој одлучува за второто место на табелата им биде доверен на судии кои едноставно залутале на зелениот терен. Не знаеме како овие млади деца се стекнале со судиска лиценца но денес од улица да се доведеше некој подобро ќе судеше отколку судиите. Тие едноставно се уплашија о притисокот кој им го создадоа домаќините, па судеа се само не она што е според фудбалските пропозиции.

Ние како клуб кој сакаме да одиме напред знаеме од каде сето ова доваѓа и кој е нарачателот на ваквото судење и деградирање на клубот, но за тоа во некоја наредна прилика.

Преку соопштението сакаме да ја запознаеме фудбалската јавност дека вака повеќе не оди. Мора некој да им застане на патот на фудбалските моќници  кои со години прават што сакаат во оваа лига. Мора ова еднаш да престане. Во спротивно на мислење сме да ја напуштиме лигата која и онака е со многу помалку екипи од оној број кој беше најавен на почетокот од првенството.

ФК „Кежовица“ – Ново Село

Зоран Саздов – Претседател

Драган Митов – Тренер

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари