По објавеното Соопштение од страна на ФК „Кежовица“ – Ново Село а во врска со фудбалските неправилности кои се како што истакнуваат нанесени на нивниот клуб во изминатите осум кола, денес со реакција во вид на Соопштение и од страна на еден од спомнатите клубови.

Соопштение

Во потполност не се согласуваме со соопштението на Фк Кежовица бидејќи притисокот врз судиите беше како од гостинските фудбалери така и од нивната управа… А нивниот прв гол беше постигнат од очигледен офсајд а најсмешно од се беше кога нивниот голман направи очигледен фаул надвор од голманскиот простор а главниот судија досуди индиректен удар а не му додели ниту жолт картон на гостинскиот голман (прашање до надлежните во лигата дали ова го има фудбалскиот правилник). Со ова сакаме да ги демантираме Фк Кежовица дека сме вршеле притисок врз судиите.

А што се однесува до судењето во лигата во потполност ги подржуваме Фк Кежовица бидејќи и ние сме жртви на низа неправилности во претходните неколку натпревари.

Во Пробиштип со Фк Рудар домаќините коректни а неправилности колку сакаш (примивме гол од 5 метри офсајд).

Со Фк Слога од Виница во Делчево досудени два пенали против нас а на натпреварот со Фк Овче Поле во Свети Николе не беше досуден чист пенал во наша полза.

Апелираме до надлежните органи во Третата лига исток на кого се деле лиценци за фудбалски судии бидејќи децата кои ги делегираат да судат не ги знаат ни основните правила во фудбалската игра.

Фк Брегалница – Голак

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари