Пред предавањето на функцијата, досегашниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски оствари неформална средба со новиот градоначалник, Николчо Илијев.

Во кабинетот на градоначалникот, Димитровски и Илијев разговараа за актуелните состојби во Општината.

Во присуство на медиумите, на новиот градоначалник Николчо Илијев му беа претставени раководителите на одделенијата и секторите, со чија соработка Димитровски ја раководеше општината во изминативе два мандата.

На средбата Илијев истакна дека почитува тимска работа, соработка, разговарање и договарање.

Нема да биде едноставно, затоа што очекувањата на граѓаните се големи, но и проблемите што постојат се големи. Пред нас се многу ангажмани, работи на кои заеднички треба да одговориме. Тешко и невозможно е да се реши сè, но мора да го дадеме максимумот. Да имаме верба и доверба, да градиме добра општина, Кочани да биде пристојно место за живеење“  рече Илијев.

В среда, на 25 октомври, во 10 ч. во салата на Советот на Општина Кочани, Општинската изборна комисија ќе ги врачи уверенијата на новиот градоначалник и на членовите на Советот на Општина Кочани за мандатот во наредните четири години.

DSCN5784

DSCN5828

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари