Со победа и пораз го започнаа првенството пингпонгарите на „Кочани“.

Во првиот од четирите предвидени турнири на кои учествуваат по осум екипи од Супер лигата и од Првата лига, изминатиот викенд пингпонгарите на „Кочани“ одиграа два натпревара.

На првиот загубија со 3:4  а противник им беше екипата на „Нец“ од Скопје која минатата година се натпреваруваше во Супер лигата и годинава важи за еден од главните фаворити за освојувањето на првото место.

Во вториот натпревар кочанчани успеаја да ја победат екипата на „Дебар Маало“ со 4:2 и со половичен успех да ја започнат новата сезона 2017/2018.

Турнирот се одржа во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари