Во пресрет на вториот круг „Локални избори 2017“ денес попладне Премиерот на Република Македонија Зоран Заев ги посети општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Тој пред граѓаните на двете општини упати поддршка пред вториот круг на „Локалните избори 2017“ за кандидатите на СДСМ, Ванчо Митев, односно Горанчо Крстев.

Заев зборуваше за запоставеноста на двете општини во изминатиот период, за немањето во 21-виот век, водовод, канализација, асфалтирани улици, и се она што на секој граѓанин му е потребно за нормално живеење.

Премиерот јавно ја побара поддршката од граѓаните повикувајќи ги да излезат масовно на денот на изборите и со пенкало уште еднаш го победат режимот, со заокружувањето на бројот 19 како што истакна тие ќе гласаат за иднината на своите најмили.

С. Ивановски

DSCN5872

DSCN5953

DSCN5964

DSCN5986

DSCN5992

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари