Во рамките на второто коло од Втората Футсал Лига на Македонија вечерва во Македонска Каменица домаќинот „Рудник Саса“ беше торпедиран од екипата на „Уни Паб“ од Кочани и загуби со резултат 1:6 (0:3).

Играчите на тренерот Александар Андов уште на почетокот на натпреварот покажаа кој ќе биде газда на теренот. Со сигурна игра во одбраната и брзи контра напади го освојуваа просторот и на одмор заминаа со водство од 3:0.

Второто полувреме идентично како и првото. „Келнерите“ од Кочани беа тие кои играа вечерва во Македонска Каменица. Постигнаа уште два гола и остварија сигурно водство од 5:0. Сепак домаќините успеаја некако да дојдат до голот на кочанчани и да намалат на 1:5. Но до крајот на натпреварот гостите од Кочани постигнаа уште еден гол и со три бода се вратија во „градот на оризот“.

Со новата победа уште еднаш екипата на „Уни Паб“ ја истакна својата кандидатура за највисок пласман.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари