СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО РАЗГОРУВА ПОЖАРОТ, ТЕШКО ДА СЕ ИЗГАСНЕ ВЕЧЕРВА

септември 26, 2023
1 минути

Забавата која си ја организираат земјоделците со неконтролираното палење на стрништата и веднаш бегање од местото на настанот продолжува.И денес голем пожар има над селата Жиганци Новоселани и Лепопелци. Дознаваме дека во моментот 13 пожарникари со 5 возила и 11  добровочци од ДПД со 2 возила мака мачат како да го спречат проширувањето на пожарот..

И додека тие си ги рескираат животите месното население од трите села никаде го нема.

Мора некој да се замисли сериозно и да ги пронајде виновниците бидејќи вака не оди.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ