Екипата на ЖФК „Кочани“ освои само бод против домаќинот „Речица“ во натпревар од 5-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени.

Според информациите до кои што дојдовме „жетварките“ со головите на Станкица Атанасова (првиот од слободен удар а вториот од пенал) првото полувреме го завршиле со два гола позитива.

Но на почетокот на вторите 45 минути домаќинките ја искористиле опуштеноста на Кочанчанки и за кратко време успеале да постигна два гола што на крајот се покажало како конечен резултат.

Овие два загубени а однапред планирани бодови многу ќе ја чинат екипата на „Кочани“ во желбата да завршат меѓу првите четири екипи во лигата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари