Со денешниот пораз во Гевгелија против домаќинот „Кожуф“ екипата на „Осогово“ се закова на последното место на табелата што води кон испаѓање од лигата.

„Жетварите“ започнаа добро и веќе во 13’ имаа водство од 1:0 а стрелец на погодокот беше Тоше Манов. Сепак домаќините во 33’ постигнаа гол преку Лазаровски и со резултат 1:1 се замина на одмор. Но очигледно беше дека кочанчани не можат да го одиграат до крај добро целиот натпревар па домаќините во 67’ со голот на Ристенски стигнаа до трите бода.

Овој пораз за кочанчани значи последно место на табелата и грчевита борба за опстанок во лигата.

Комплетни резултати од 10-тото коло:

„Кожуф“ – „Осогово“  2:1

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  4:1

„Тиквеш“ – „Беласица“  0:4

„Борец“ – „Победа“  2:2

Слободна е екипата на „Брегалница“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари