Изминатата седмица во Кочани ќе биде запаметена по две важни случувања: по некоректното примопредавање на локалната власт и по доделувањето на Уверенијата на новоименуваниот градоначалник на Општина Кочани и на Советниците во новиот Совет на Општина Кочани.

Ако од пред речиси една недела се знаеше дека доделувањето на уверенијата ќе се случи на 25 Октомври (Среда) никој не претпоставуваше дека чинот на замената на градоначалниците ќе помине со некоректен однос на сега веќе бившиот Градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Иако повеќе од седум дена се знаеше дека свечениот чин ќе биде во Среда, Димитровски го покани својот наследник да дојде во собраниската зграда ден порано и на начин како што не доликува во вакви прилики, без доделено Уверение тој да биде тој што ќе го изврши чинот на примопредавање на градоначалничката функција.

Причината за ваквиот некоректен однос на Димитровски е од банална природа, претходно закажал службено патување. Во оваа приказна околу „неодложното“ патување никој не верува па дури и негови сопартијци,туку  како што некои  истакнуваат причината била големата разликата, поточно победата на Николчо Илијев од дури 3.727 гласови.

Не можејќи ваквиот голем пораз достоинствено да го поднесе, била главната причината молкум и незаконски да се изврши чинот на примопредавањето.

Но ако се вратиме осум години наназад, поточно на 02.04.2009 година тогаш примопредавањето на локалната власт беше веднаш по чинот на доделувањето на Уверението, онака како што и законот предвидува.

Но и тогаш имаше обид да се изиграат законите во државата и да се понижи противникот. Радосни по добиената локална власт во кабинетот на тогашниот Градоначалник Љубомир Јанев влезе тогаш избраниот Ратко Димитровски со уште еден свој сопартиец и на невкусен начин побараа Јанев да стане и да си замине бидејќи еве сега тие дошле на власт во како што истакнаа „бастионот на СДСМ“. Но Љубомир Јанев ги знаеше законите а и беше премногу интелигентен да постапи поинаку, културно ги замоли да го напуштат кабинетот а ги повика да дојдат откако ќе биде потпишано и врачено Уверението, што подоцна и се случи.

И сега а и пред осум години зачудува некоректниот однос на личност која два мандати ја имаше функцијата Градоначалник. Сега избегна коректно да ја предаде власта, сакајќи да ја омаловажи победата на Илијев, а пред осум години  сакаше што побргу да седнат во градоначалничката фотелја иако го немаше добиено и потпишано Уверението.

Очигледно е дека нема разлика во однесувањето и во двата случаи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари