На вториот турнир во пинг-понг на кој требаше да се играат натпреварите од 3-тото и 4-тото коло, пингпонгарите на „Кочани“ одиграа само еден натпревар и тоа од 4-тото коло во кој ја совладаа екипата на „Пошта 2“ со 4:2.

На натпреварот од 3-тото коло нивните противници „Струга“ не допатуваа а согласно пропозициите во следните 15 дена таа средба треба да се одигра во Кочани, но и ако тогаш стружани не се појават екипата на „Кочани“ натпреварот ќе го добие со службен резултат.

Како и првиот турнир и денешниот се одржа во СЦ „Форца“ во Скопје.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари