Од петок до недела во Благоевград (Република Бугарија) се одржа традиционалниот гимнастички турнир на кој годинава учествуваа повеќе од 200 гимнастичари од: Македонија, Србија, Грција, Кипар, Англија и домаќинот Бугарија.

КГС „Кочани“ на турнирот се појави со двајца гимнастичари, Јана Николова и Антонио Јаношевиќ, како и еден судија.

Јана Николова обезбеди пласман во финалето на двовисински разбој и го освои второто место, а додека Антонио Јаношеви обезбеди финале на партер каде беше 6-ти, кругови и разбој беше 8-ми и повеќебој 8.

Самиот настап на еден ваков силен турнир преставува голем успех за гимнастичарите на КГС „Кочани“ кои во силната конкуренција обезбедија финални настапи.

С. Ивановски

32

33

34

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари