Ракометарите на „Младинец“ од Кочани со победа го започнаа годинешното првенство во ракометната кадетска лига. Во првото коло на гостувањето во Радовиш го совладаа истоимениот клуб со 23:20.

Дознаваме дека кочанчани одиграле еден мошне добар натпревар кој на крајот поради тенденциозното судење можел да отиде и во обратна насока.

Играчите на „Младинец“ натпреварот го започнале со одлична игра во одбраната и трпелив и сигурен напад. Голманот Манов во првото полувреме одбранил голем број на удари а згора на тоа на домаќините им скротил и три удари од седум метри што резултирало на одмор да се замине со предност од три гола 9:6.

И вториот дел бил идентичен како и првиот кога е во прашање играта на кочанските ракометари. Сепак на десетина минути до крајот на натпреварот направиле неколку почетнички грешки на кои се надоврзало и тенденциозното судење во корист на домаќините па на пет минути до крајот на средбата гостите биле во негатива од два гола.

Но квалитетот а и желбата за победа на крајот биле пресудни па играчите на „Младинец“ во „градот на оризот“ се вратија со победа.

Стрелци на головите: Ангелов 8, Давчев 6, Стојанов 4, Јакимов 3, грчев и Захариев по 1.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари