Распеано и весело денес во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани се одржа културната манифестација „Ритмички круг – како едно срце“, како дел од културната манифестација „Нов културен бран“.

Ученици, наставници, и други заинтересирани граѓани беа формирале круг на кој со тапани на кои удираа во еден ритам создадоа хармонија и чукаа како едно срце.

Настанот предизвика внимание кај минувачите а учесниците во истиот со музицирање на неколку музички нумери ја направија атмосферата за релаксирање и уживање.

Инаку овој настан е дел од серијата од три вакви хепенинзи во дебар, Кочани и Пештани. Овие ритмички хепенинзи преставуваат една метафора за моќта на заедништвото, соработката и позитивната енергија меѓу граѓаните на една заедница.

Настанот го организираше „Центарот за заедничка основа“ во соработка со ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Кочани, како дел од иницијативата „Нов културен бран“ подржана од Министерството за Култура на Република Македонија.

С. Ивановски

 

DSCN6128

 

DSCN6129

DSCN6133

 

DSCN6135

DSCN6149

 

 

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари