Новоизбраниот Градоначалник на Општина Кочани Николчо Илијев за време на кампањата на граѓаните на Општина Кочани им вети транспарентност во работењето. Таквото транспарентно работење се со цел да се запознаат граѓаните со се што се случувало и што ќе се случува во општината ја одржа првата прес конференција.

На денешната прес конференција на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев беа изнесени фрапантни податоци околу задолженоста на училиштата во последните 5-6 години со состојба до 15.10.2017 година.

Најголемите задолжувања како што истакна кај училиштата се направени на име превоз на ученици а ништо помали не се ниту неплатените обврски за греење и останати материјални трошоци.

Најголем задолжувач на општината е СОУ „Гошо Викентиев“ а најмалку општината е задолжена од страна на ОМУ „Ристо Јуруков.

Ранг листа на училиштата кои ја задолжиле општината изгледа вака:

СОУ „Гошо Викентиев“                              24.131.151,00 денари

ОУ „Никола Карев“                                             8.198.961,00 денари

ОУ „Св. Кирил и Методиј“                                 6.616.773,00 денари

СОУ „Љупчо Сантов“                                          1.161.074,00 денари

ОУ „Крсте Петков Мисирков“                           1.085.185,00 денари

ОУ „Раде Кратовче“                                             1.019.667,00 денари

ОУ „Малина Попиванова“                                      859.393,00 денари

ОМУ „Ристо Јуруков“                                        238.072,00 денари

Вкупната сума на задолженост на општината од страна на училиштата изнесува 43.310.236,00 денари или нешто повеќе од 700.000 Евра.

Ако се знае дека некои долгови потекнуваат и од 2012 година зачудува зошто досега побарување на тие средства немало, односно зошто се чекаше промена на власта па да бидат дури сега активирани тие побарувања.

Токму поради активирањето на побарувањата досега е блокирана жиро сметката на едно од училиштата а на прагот е блокирање уште на едно друго.

Сето ова потврдува за лошото менаџирање на претходниот градоначалник како и толеранцијата кон ваквиот вид на менаџирање од страна на советниците што го сочинуваа мнозинството во сега бившиот Совет на Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN6160

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари