Во Сабота во салата на ОУ „Никола Карев“ со почеток во 19:00 часот се игра натпреварот од 3-тото коло на Втората Футсал Лига на Македонија: „Уни Паб“ – „Овче Поле“.

По двете одиграни кола „келнерите“ од Кочани се на лидерското место на табелата со максимален број на бодови, 6 и гол разлика 11:03 (+8) со убави шанси да продолжат со победоносната серија.

Вториот претставник од Кочани, „Торпедо“ во ова коло и гостува на екипата на „Шкендија“ во Тетово.

На другите натпревари од 3-тото коло се среќаваат:

„Карадаку“ – „Рудник Саса“

„Гемиџии“ – „Биџо“

„Црна Река“ – „Илирет“

Влезот за натпреварот „Уни Паб“ – „Овче Поле“  е бесплатен.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари