Уште еден катастрофално лош натпревар на „Осогово“ во второлигашката конкуренција. Денес во Кочани „жетварите“ го доживеаја можеби и најголемиот срам, беа понижени пред своите гледачи од одличниот состав на „Тиквеш“ со 0:4 (0:1).

Со одбрана порозна како сунѓер, речиси никаква средина на теренот и напад, мислена именка малобројните гледачи и не можеа повеќе да очекуваат освен висок пораз на домаќините.

Како играа денешните противници најдобар показател е крајот на натпреварот, домаќините беа испратени со свирежи а гостите со аплаузи со што уште еднаш се покажа дека кочанчани го разбираат фудбалот.

Гостите поведоа во 7’. Мојсов како брзи воз ги претрча одбранбените играчи на „Осогово“ и изби сам пред домашниот голман Лазаров кој со правовремена интервенција ја сочува својата мрежа одбивајќи ја топката, но на негова жал четири домашни одбранбени играчи беа само неми посматрачи на она што се случуваше, па на Дунимаглоски не му беше тешко од неколку метри да ја упати топката во празната мрежа. Во истата минута, само во вториот дел (52’) нов гол за гостите. Ново влезениот Вареловски доби топка во „срцето“ на домашниот шеснаесетник и со удар по земја по втор пат го матираше немоќниот Лазаров. Се играше 69’ кога домаќините по трет пат ја вадеа топката од мрежата. Идентично како и при првиот погодок, Мојсов беше сам пред Лазаров овој го одбрани неговиот удар, на одбиената топка натрча Бакрачески и биеше во празната мрежа.

Бламажата на домаќините заврши во 82’ кога по една центрирана топка домашниот играч Стојков промаши цел фудбал, на топката натрча Митев кој со удар од неколку метри г принуди на четврта капитулација Лазаров.

Гостите до крајот имаа уште една прилика за „петарда“ но ударот на Ѓорѓиев заврши во левиот дирек на домашниот гол.

Се на се повеќе од заслужена победа на гостите но и срамен однос на домаќините кон играта, кои за деведесет минути не создадоа ниту една посериозна шанса за гол, а неколкуте удари од „слободњаците“ беа непрецизни.

С. Ивановски

DSCN6258

DSCN6431

DSCN6483

DSCN6538

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари