По сончево и мошне пријатно време за игра девојчињата на ЖФК „Кочани“ со половина сили го совладаа дебитантот во лигата „Њу Јорк“ со резултат 12:0 (6:0).

Од самиот почеток на средбата се виде дека ова ќе биде дуел на два нерамноправни противника. За волја на вистината гостите се обидуваа нешто да направат, да дојдат барем до почесен погодок, но сето тоа остана само надеж.

Во раната фаза на играта „жетварките“ поведоа со 3:0 по што почнаа да играат опуштено а на моменти и незаинтересирано.

Головите за домаќините ги постигнаа: Ѓорѓиева (5’37’) Игнатовска (9’), Петровиќ (14’45’67’), Благонова (27’52’77’) Иванова (62’) и Атанасова (72’75’)

Комплетни резултати од 6-тото коло:

„Кочани“ – „Њу Јорк“  12:0

„Тиверија“ – „Каменица Саса“  18:0

„Истатов“ – „Атлетико“  0:4

„Борец“ – „Драгон“  1:2

„Топ Гол“ – „Тетово“  4:0

„Ас Јунајтед“ – „Речица“  3:1

С. Ивановски

DSCN6696

 

23232035_10212303945808009_396307523_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари