Се играше 23’ од натпреварот „Кочани“ – „Њу Јорк“ кога гостинскиот играч со број 8 Исмани Сумеја се најде на тревата. Како немаше ниту еден играч во нејзина близина се претпоставуваше дека се работи за некое извртување на ногата при движењето. Влезе лекарската екипа на теренот но на истата и требаше повеќе од пет минути за да го изнесе девојчето надвор од теренот што беше јасен показател дека сепак е нешто посериозно.

Набргу со колата на итната помош Сумеја беше префрлена во Здравен дом – Кочани каде и се направени анализи на срцето и крвта.

За да нема никаков ризик при патувањето Сумеја не се врати со екипата во Скопје туку во придружба на медицинско лице со колата за итна помош беше пренесена во приватната болница „Систина“ во Скопје.

Беше очигледно дека повредата на овој млад играч депримирачки делуваше на играчите од двете екипи па сите очекуваа иако беше одиграно само половината од првото полувреме, што побргу да заврши натпреварот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари