Дипломираните мозаичарки Блашка и Санда Миеви од Скопје со помош на талентираните младинци од НУЦК „Бели мугри“ од Кочани ја започнаа изработката на Мозаикот „Традиција и современо живеење“ кој се прави на парапетниот ѕид на малите скали кои ги поврзуваат зградите од блокот „А“ и „Б“ во Градскиот Трговски Центар во Кочани, спроти кафулињата.

Уметничкото дело е во рамките на проектот „Мозаик – соработка во традиција и современо живеење“ на Здружението на граѓани „Добредојде Мацедониа Велкам Центар“ што се реализира во склоп на манифестацијата „Нов културен бран“ во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани.

Со лично вклучување и поставување парче мозаик, секој граѓанин може да се вклучи во поддршка на мозаикот и на неговите традиции, но и на модерните текови.

Мозаикот кој интензивно се работеше денес го посети и Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

До затворањето на текстот мозаикот не беше завршен, а како што не информираа истиот би требало утре да биде целосно готов по што сите заинтересирани минувачи ќе можат да го погледнат.

С. Ивановски

DSCN6747

DSCN6749

DSCN6818

DSCN6828

DSCN6819

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари