В сабота, на 11 ноември во Кочани ќе се одржи Третиот стручен собир на пожарникари.

Истиот ден ќе биде изведена показно-тактичка вежба, а ќе се одржат и стручни предавања на актуелни теми, презентација на нова опрема поврзана со работата на службите за брзи интервенции, пожарна, полиција, итна медицинска помош и др.

Показно-тактичката вежба „Спасување на настрадани лица во тешка сообраќајна незгода на мост, гаснење пожар и извлекување давеници“  ќе се изведе во центарот на Кочани, на мостот кај Шопинг-центарот од 12 до 12:30 ч. Во вежбата ќе бидат вклучени и пожарникарите од Единиците на Кочани и Виница, МВР, крим-техника и воздухопловните сили.

Стручниот собир ќе се одржи во Конгресна сала во ресторанот „Амор“ во Кочани. Предавачи на собирот се експерти од: Македонија, Србија, Хрватска, Австрија и др.

P2310154

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари