Како прилог на повикот за Јавна трибина за планирање на општинскиот буџет за спорт, се генералните насоки и критериуми за распределба на средствата изработени според законските прописи и надлежностите на Општината.

Критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Општина Кочани во областа на спортот

Според Законот за локална самоуправа и надлежностите на општината предвидено е:

– Обезбедување услови за развој на рекреативниот и масовниот спорт

– Организирање и помагање спортски пригодни активности и манифестации од значење за локалната самоуправа и дефинирање на спортската политика во општина Кочани

– Одржување на спортските сали, терени и рекреативни игралишта.

ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ЗДРУЖЕНИЈА

Право на распределба на средства имаат:

  1. Спортски клубови со решение за вршење дејност спорт регистрирани во општина Кочани;
  2. Спортски здруженија за остварување на заеднички интерес за развој на спортот во општина Кочани;
  3. Организатори на спортски манифестации
  4. Спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на националната спортска федерација;

Дополнете, дајте забелешка

* Обезбедување услови за развој на рекреативниот и масовниот спорт

Меѓу другото се остварува и со финансиска поддршка на спортските клубови и здруженија. Спортските клубови имаат потреба од превоз на своите тимови, односно поединци на спортските натпревари во некои од следните спортови:

– велосипедизам;

– гимнастика;

– карате;

– кошарка (машка и женска) ;

– ракомет;

– тенис;

– триатлон;

– фудбал

– шах

Дополнете, дајте забелешка

* Ќе се одобруваат дел од средствата за превоз на спортските клубови кои се учесници на национални или меѓународни систем натпревари

Дополнете, дајте забелешка

* Дополнителни средства на клубовите и здруженијата ќе седоделуваат по следниве утврдени критериуми:

  1. За учество на општински систем натпревари во претходната натпреварувачка сезона 5 бода
  2. За учество на регионален систем натпревари во претходната натпреварувачка сезона 5 бода
  3. За учество на национални систем натпревари во претходната натпреварувачка сезона 5 бода
  4. За освоено место на национални систем натпревари:

– I место 15 бода

– II место 10 бода

– III место 5 бода

  1. За учество на меѓународни систем натпревари 10 бода
  2. 6. За освоено место на меѓународни систем натпревари:

– I место 20 бода

– II место 15 бода

– III место 10 бода

  1. 7. За приложен Календар со предвидени идни учества на спортски натпревари во национални или меѓународни системи 10 бода

Вредноста на бодовите дополнително ќе биде утврдена во зависност од расположливите средства

ПОДДРШКА НА УЧИЛИШТЕН СПОРТ

* Општина Кочани го поддржува училишниот спорт за организирање на општинска лига за учениците од основните училишта во фудбал за машки, кошарка за женски и машки, ракомет за машки и женски, пинг-понг и шах .

Дополнете, дајте забелешка

* Од големо значење за развојот на спортскиот дух е и организирање на велосипедско дефиле како и организирањето на пролетниот крос за сите ученици

Дополнете, дајте забелешка

* Поддршката за училишниот спорт се однесува и на зонски, регионални и државни натпревари, превоз за учество на зонски, регионални и државни натпревари за сите екипи и поединци од училиштата.

Дополнете, дајте забелешка

ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ

– Избор на спортист

– Петровденски турнир во фудбал

– Богородичен турнир – Горни Подлог

– Илинденски фудбалски турнир- Долни Подлог

– Традиционален турнир во фудбал – Кочани

– Осмоаприлски фудбалски турнир

– Фудбалски турнир Драганица

– Осоговски слалом

Дополнете, дајте забелешка

ПОТРЕБИ И ПРИОРИТЕТИ ВО ОДРЖУВАЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ОБЈЕКТИ

За успешно одвивање на спортските активности потрбно е одржување на објектите, како и доопремување на истите.

Во сопственост на општина Кочани и од јавен интерес се спортските објекти:

– Стадионот Никола Мантов,

– градската спортска сала која е дадена за раководење на ОУ„Св.Кирил и Методиј“ и

– градската спортска сала која е дадена за раководење на ОУ„Никола Карев“,

– градската спортска сала која е дадена за раководење на ОУ„Крсте П Мисирков“ – Оризари

– спортската сала „Партизан“

– објектот – Snow board-park во Спортско-рекреативниот центар „Пониква“,

– повеќенаменски игралишта,

– фитнес-зона Бавчалук.

Дополнете, дајте забелешка за приоритетите и потребите за одржување на спортските објекти

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари