Во врска со информацијата за поднесената оставка на Управниот одбор на ГФК „Осогово“ до градоначалникот, ја известуваме јавноста дека институцијата Градоначалник нема легитимитет да ја прими оставката бидејќи не учествува во телата на ГФК „Осогово“.

Општината и Градоначалникот не се основачи на „Осогово“, па е нелогично да се инволвираат во одлуки и дејства на граѓански здруженија.

Поддршката за смирување на тензиите на двете спротивставени страни беше во име на добра волја на градоначалникот за средување на состојбите во овој спортски клуб.

Понатаму, спротивставените страни ќе мора сами да ги средат состојбите и да го доведат клубот на здрави нозе.

Општината и градоначалникот ќе го поддржат секое решение што ќе придонесе за успешно завршување на полусезоната и за добри натамошни резултати.

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари